Бесплатен пристап до Фејсбук во мрежата на SunWireless

По повод денешното иницијално излегување на јавната берза (IPO)  на Фејсбук, SunWireless обезбеди бесплатен пристап до мобилната верзија на Фејсбук на сите свои хотспотови.

Ги покануваме сите наши постојани и потенцијални корисници да се прикачат на нашите хотспотови и бесплатно да го користат својот омилен сервис.

SunWireless – Ве покрива секаде и во било кое време…..или невреме !

Минатата недела ги запознавте SunWirelessGirls….па рековме да Ве запознаеме и со SunWirelessBoys !

SunWireless Ве покрива секаде….во било кое време…. или невреме :)

Да покажат дека оваа изјава не е само на хартија…SunWirelessBoys вчера организираа акција во центар на Скопје каде беа тука да им се најдат на сите случајни минувачи кои се сокриваа и бегаа од поројниот дожд…и да им кажат дека SunWireless е секогаш со нив и ги покрива секаде каде што се и тие !

Погледнете од ВИДЕОТО и од сликите подолу :)

Запознајте ги SunWirelessGirls

Денеска 9-ти Мај и утре 10-ти Мај.

Локација: Центар на Скопје.

Време: 11-13ч.

ШТО: Најдете ги SunWirelessGirls , сликајте се со нив….и добијте бесплатен интернет на Вашиот мобилен телефон !

SunWireless склучи партнерски договор со Boingo

Со огромно задоволство соопштуваме дека SunWireless од неодамна склучи партнерски договор со еден од најголемите светски wi-fi оператори Boingo.

Со овој договор се официјализираа најавите дека токму SunWireless ќе биде ексклузивниот партнер на Boingo за покривање на територијата на Република Македонија.

Одсега, сите корисници на “Boingo”, ќе имаат можност со користење на своите “Boingo акаунти” да пристапуваат на мрежата на SunWireless за време на нивниот престој во нашата држава.

Оглас за работа во SunWireless

SunWireless, најголемиот оператор на бежичен интернет во Република Македонија, за своите потреби во канцеларијата во Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА РАБОТА

Види го целиот оглас  >> 

SunWireless прозрачи и на “Апостол Павле“ во Охрид

SunWireless со задоволство соопштува дека почнувајќи од денеска, четврток 12 Април 2012 година во функција е пуштен сервисот кој ексклузивно со бежичен интернет ќе го обезбеди и Аеродромот “Апостол Павле“ во Охрид.

Одсега, патниците, вработените и посетителите на “Апостол Павле“ ќе имаат можност со купување на SunWireless при-пејд картичка да добијат брз и квалитетен пристап до бежичен интернет насекаде низ аеродромот.

При-пејд картичките можат да бидат купени online или од нашите продажни места.

Повеќе информации за при-пејд понудата на SunWireless можете да прочитате ТУКА или да се информирате на нашите контакт телефони:

072/ 277 002      *     076/ 277 002    *    078/277 002

Нови пост-пејд пакети со двојно зголемени брзини !

SunWireless на задоволство на своите корисници соопштува дека од почетокот на неделава во својата пост-пејд понуда ги вклучува и новите AirOptic пакети со повеќе од двојно зголемени брзини.

Пакет Брзина и вклучен сообраќај Месечна претплата (со вклучен ДДВ)
AirOptic S до 5Mbps, неограничен сообраќај 499 ден.
AirOptic M до 10Mbps, 50 GB сообраќај 699 ден.
AirOptic L до 10Mbps, 100 GB сообраќај 999 ден.

Со ново-понудените пакети, SunWireless, уште еднаш ја потврдува својата заложба дека секогаш ќе ги следи желбите и потребите на своите корисници и континуирано ќе го подобрува својот сервис и квалитет на услугата која ја нуди.

Целокупната пост-пејд понуда можете да ја видите ТУКА.

За повеќе информации околу новите пакети можете да се јавите на следниве телефонски броеви:

072/ 277 002

076/ 277 002

078/ 277 002

Оглас за практиканти во SunWireless

SunWireless како општествено одговорна компанија им нуди можност на сите студенти од Економски факултет (насока маркетинг) да добијат шанса за практично искуство во мултинационална компанија…

Види го целиот оглас   >>>

SunWireless сервис и за жителите на Карпош 4

Од вчера е поставена нова базна станица во околината на Карпош 4, па отсега и жителите на Скопје од овој дел од градот ќе можат да ја имаат привилегијата да користат брз и квалитетен бежичен интернет од SunWireless.

Сите оние кои живеат во околните згради во Карпош 4 и  се заинтересирани за пост пејд понудата на SunWireless, за дополнителни информации можат да го посетат овој ЛИНК , а тие кои сакаат и имаат можност (доволно јак сигнал) сервисот на SunWireless да го користат при-пејд, можат да си купат при-пејд картичка од нашите ПРОДАЖНИ МЕСТА или online преку следниов ЛИНК.

За сите дополнителни прашање, Ве молиме да не контактирате преку формата за коментирање под оваа статија или на следниве телефонски броеви:

072/ 277 002

076/ 277 002

078/277 002

Продажни места крај студентските домови “Кузман Јосифовски“ и “Стив Наумов“

Како одговор на зголемената побарувачка за при-пејд картички, SunWireless продолжува со своите активности на ширење  на продажната мрежа.

На задоволство на студентите од студентските домови “Кузман Јосифовски – Питу“ и “Стив Наумов“ од Скопје, SunWireless обезбеди договор со уште две нови продажни места во близина на студентските домови, каде одсега, ќе можат да се најдат и купат SunWireless при-пејд картички.

Одсега студентите од “Кузман Јосифовски – Питу“ , при-пејд картичките на SunWireless ќе можат да ги купат од маркетот “СТЕНС“ кој се наоѓа на самиот влез од студентскиот дом, а студентите од “Стив Наумов“ ќе можат да си обезбедат квалитетен и брз бежичен интернет со при-пејд картички од маркетот “ГРНЕ“ кој се наоѓа во самиот двор на домот.