Archive by Author

Платете ја вашата фактура online

SunWireless сега ви овозможува плаќање на вашата фактура online со кредитна картичка.  Тоа можете да го направите преку нашиот сајт, поточно на следниов линк:

http://go.sunwireless.com.mk/mk/myinvoice.php

SunL промоција – SunL + SunMobile за само 499 ден.

За сите SunWireless припејд корисници, задоволство ни е да ја најавиме новата SunL промоција – купи една SunL припејд картичка, добиј една SunMobile припејд картичка бесплатно.

Промоцијата важи за сите продажни места на SunWireless.  Доколку купите SunL припејд картичка online, дополнително ќе ви испратиме емаил со бесплатен код и за SunMobile припејд картичка.

Уживајте со бесплатен интернет од SunWireless!

SunWireless на трибина во Кавадарци

SunWireless подржа и присуствуваше на трибина во Кавадарци на тема Безбедно на интернет.  Трибината се одржа на 20 април во салата на собранието на општина Кавадарци од страна на локалната полициска станица, а беше подржана и од ОБСЕ.

Гордана Богева, член на мрежата составена од обучени преставници на училишта и НВОи од Македонија, формирана во рамките на проектот “Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет” одржа едукативна презентација за присутните ученици – по 10-тина од сите основни и средни училишта во општината, како и директорите и стручните служби од училиштата, советници од Бирото за развој на образованието и претставници на невладини огранизации и медиуми.

SunWireless воедно додели и бесплатни при-пејд интернет картички на неколку од присутните ученици.

SW Kavadarci tribina

Побрз интернет, иста цена

Сакаме да ги известиме корисниците дека ги зголемивме брзините на нашите пост-пејд пакети за најмалку 1Mbps.  Сега SunStart пакетот е до 2Mbps, Sun1 пакетот е до 3Mbps, a Sun2 пакетот е до 4Mbps.

Сурфајте неограничено без звездички со најбрзиот безжичен интернет во Македонија.

Повеќе информации за интернет пакетите на SunWireless се на сајтот.

Wi-Fi ќе ги спаси мобилните оператори?

wifi-offloadДеновиве се’ повеќе читаме (Financial Times, CNET) за проблемите што мобилните оператори ги имаат со своите мрежи поради таканареченото data tsunami, односно фактот што секојдневно расте бројот на корисници кои своите мобилни телефони ги користат за повеќе од телефонски разговори. Ова беше и една од главните теми на разговор на Светскиот Мобилен Конгрес што неодамна се одржа во Барселона, кадешто вниманието беше свртено кон Wi-Fi како можно решение на кризата.

Нов извештај од Cisco предвидува дека користењето на мобилните телефони за интернет пристап (60% за IP видео според Cisco) ќе се дуплира секоја година до 2014, што значи 39-кратно зголемување од 2009 до 2014. Ваквото зголемување ќе продолжи да ги оптеретува мрежите на мобилните оператори, кои веќе се соочуваат со вакви проблеми во поголемите пазари како Њу Јорк и Сан Франциско, кадешто скоро 70% од корисниците користат дата-интензивни телефони (како iPhone).

Wi-Fi како опција

Дури и новите 4G мрежи со поголеми капацитети што мобилните оператори почнаа да ги имплементираат нема да можат да ги задоволат зголемените и растечки апетити на потрошувачите.  За таа цел, мобилните оператори ќе морат да ги разгледаат сите опции.  Wi-Fi е една од најочигледните опции поради неколку предности – Wi-Fi мрежите се веќе доста распространети а и повеќето уреди веќе имаат вградени Wi-Fi картички.  Mark Siegel од AT&T потврди дека Wi-Fi е многу важна технологија за нив и дека ќе има важна улога во планирањето на зголемувањето на капацитетот на мрежата на AT&T.

И во Македонија забележуваме пораст на користење на smartphones и интернет пристап преку мобилни телефони.  Можеме наскоро да очекуваме дека и кај нас побарувачката ќе ги надмине капацитетите на мобилните оператори … дали тогаш и тука Wi-Fi мрежите ќе бидат актуелното решение?

SunWireless во Кавадарци

Викендов ја пуштивме и првата базна станица во Кавадарци.  Мапата на покриеност можете да ја следите на сајтот: http://0.mk/sw-kavadarci

Припејд картички можете да купите online преку нашиот сајт или од едно од продажните места во другите градови.  Следете го блогот за повеќе информации за проширувањето на мрежата и за нови продажни места.

SunWireless во Виница

Викендов ја поставивме првата базна станица и во Виница.   Наскоро ќе ја прошириме мрежата и во останатиот дел од градот, а мапата на покриеност можете да ја следете на сајтот: http://0.mk/sw-vinica

Засега припејд картички можете да купите само online преку нашиот сајт или од едно од продажните места во другите градови.  Следете го блогот за да дознаете кога повеќе ќе се прошириме во градот.

Прослава на успесите од изминатата година

Во чест на постигнатото изминатава година, целата екипа на SunWireless се собра минатата недела во централата во Скопје.

SunWireless екипа

SunWireless екипа

Покрај дружењето си ги споделивме и успесите за досегашното 18-месечно работење:

  • мрежи во 9 општини
  • над 300 пристапни безжични точки
  • регионална присутност со сопствени тимови и продажни места
  • и што е најважно – многу задоволни корисници

Истовремено ги наградивме и најдобрите членови од екипата:

  • Најдобар менаџер: Ѓорѓи, Струмица
  • Најдобар вработен: Борче, Струга
  • Најдобар познавач на SunWireless: Марјан, Струга

Честитки.

SunWireless на Вевчанскиот карневал

Во чест на Вевчанскиот карневал што се одржува овие денови, SunWireless обезбеди бесплатен интернет во Вевчани, спонзориран од SunWireless и Општина Вевчани.

Убав провод за оние од Вас кои се во Вевчани деновиве.

Новогодишна наградна игра – честитки за победниците

Најпрвин да им се заблагодариме на сите што учествуваа во новогодишната наградна игра за избор на најдобра новогодишна честитка.  Имавме 13 учесници и вкупно 512 гласови.  На крајот, вие ги избравте следниве победници:

  • 3-то место и SunM припејд картичка за Aleksandar Stojanov, со освоени 117 гласа.
  • 2-то место и SunL припејд картичка за Мартин Христов, со освоени 129 гласа.
  • 1-во место и SunLoco пакет за Boban Sutinoski, со освоени 203 гласа.

Случајно избравме и 10 добитници на SunMobile припејд картички за оние од вас кои гласаа, а среќните добитници се:

  • Andrea Panova
  • Deki Koleski
  • Marija Dimovska
  • Marija Gaic
  • Sara Forsica Djokic
  • Tanja Gjurceska
  • Tome Filev
  • Vase Burovski
  • Verce Mitrova
  • Verica Dimitrieska

Сите добитници ќе бидат контактирани преку Facebook за да им ги доделиме наградите.

Честитки за добитниците и благодарност до сите од вас што учествуваа во наградната игра.