AT&T соопшти драматичен пораст на Wi-Fi корисници

Во соопштението за медиумите објавено на 23 април, AT&T соопшти драматичен пораст на Wi-Fi корисници на нивните hotspot мрежи во Америка.  Во првата четвртина од 2009, AT&T забележала вкупно 10,5 милиони приклучоци, што е три пати повеќе од истиот период во 2008 година.

Порастот е резултат на се поголемиот број Wi-Fi уреди на пазарот (меѓу кои и iPhone) како и приклучувањето на Starbucks hotspot мрежите кон мрежата на AT&T.  Бројот и типот на Wi-Fi уреди на пазарот продолжува да расте.  Во јануари, на пример, Sony го пушти во употреба првиот дигитален апарат со вграден Wi-Fi уред и бесплатен пристап до мрежата на AT&T.

20-те илјади hotspot Wi-Fi мрежи на AT&T можат да се најдат насекаде во САД – во трговски центри, ресторани и аеродроми – а корисниците можат да се приклучат и до уште 80.000 глобални hotspot мрежи благодарејќи на роаминг договори.

1 Коментар

Darko  @ 19 мај 2009

nema so da se kaze za stranata koj ga napravil alal da mu e….?:D

Напишете коментар