Проект за Wi-Fi национална мрежа во Македонија

Владата на Македонија донесе одлука за започнување со реализација на проектот на Министерството за информатичко општество за поставување на 680 Wi-Fi точки во руралните средини во Македонија.  Ова е дел од владината стратегијата за имплементирање на Wi-Fi национална мрежа со цел да ја подобри бизнис климата во државата но и да го намали “дигиталниот јаз и е-Инклузивност”.

Со проектот ќе се субвенционира приватниот сектор за изградба на инфраструктурна мрежа во рурални средини кадешто има подрачни единици на основни и средни школи.  Проектот ќе трае четири години и има буџет до 4 милиони евра.

Целосното соопштение можете да го прочитате на сајтот на владата.

12 Коментари

Lilith  @ 12 мај 2009

одлично ! позитива макс! цените се мн поприфатливи од оние на досегашните интернет провајдери плус голема предност е тоа што е wireless,зошто со цените на 3G ептен се испозанесија,за повеќето се и недостапни….демек слободата на движење се плаќа…ок,секаде секоја комоција се плаќа,но проблемот е кај нас што мобилните компании ја направија луксуз….
*
одличен проект уште еднаш!

Mile  @ 30 мај 2009

топ! само така но на кои места низ Скопје има hot-spot-ови пошто нема прием или треба пакет со опрема да се земе од кај вас? сепак супер проект

koncadu  @ 31 мај 2009

Фала Лилит и Миле.

Миле, во Скопје сеуште не ни е проширена мрежата, но имаме планови за во иднина. Ако сакаш, додади ја твојата емаил адреса на нашата мејлинг листа (горе десно) па навреме ќе те известуваме за нашите проширувања.

Инаку, обично не мора да се купува посебна опрема доколку имаш апарат со wi-fi прием и го гледаш нашиот сигнал.

Поздрав.

aleksandar  @ 1 јуни 2009

mozebi negde pisuva na sajtov ama jas ke si prasam.
kako e imeto na mrezata i kade se faka. jas imam wifi tel. ziveam vo aerodrom

koncadu  @ 2 јуни 2009

Александар, ако прашуваш за проектот на владата – тој беше најавен пред околу еден месец како што пишува во постот погоре, но сеуште не е започнена реализацијата.

Ако прашуваш за мрежата на SunWireless – моментално ја имаме во Струмица, Струга и Тетово и правиме планови за проширување и во другите градови во Македонија. Следуваат Штип и Охрид во блиска иднина.

Следи го блогов за навремени информации за проширувањето на мрежата.

aleksandar  @ 2 јуни 2009

a skopje?

koncadu  @ 2 јуни 2009

И Скопје е во план, но во моментов не можеме да кажеме со сигурност кога мрежата ќе биде проширена и во Скопје. Сите најнови информации ќе бидат објавени на блогов и преку мејлинг листата.

dulemk  @ 3 јуни 2009

Ме интересира подетално за градовите колкава е опфатеноста ма мрежата на SunWireless.

Дали кратко објаснување или некој вид на мапа не би било лошо да претставите.

Поетелно за градот Тетово ме интересира мене.

koncadu  @ 3 јуни 2009

Благодарам на прашањето dulemk

Работиме на изготвување на мапи на покриеност – пример можете да видете на следниов линк.

Мапа за Тетово сеуште немаме изработено. Ќе се обидам наскоро да ти изготвам информации за покриеноста во Тетово.

dulemk  @ 4 јуни 2009

Фала за информацијата, ќе чекам овде поконкретен одговор.

Инаку имате честитки од мене, цените се повеќе од прифатливи за тоа што го нудат.

SunWireless Blog » Светска Банка: Брз и достапен интернет и мобилна телефонија критични за развој на економијата  @ 1 јули 2009

[...] средини во Македонија (веста ја објавивме на блогот овде), што значи дека ние веќе ги следиме ваквите [...]

koncadu  @ 2 јули 2009

@dulemk Извини за задоцнувањето – сега додадовме и мапа на покриеност за Тетово – http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/map-macedonia/map-tetovo. Инаку, како што можете да видете и на мапата, сеуште ја надоградуваме мрежата и планираме уште поголема покриеност наскоро.

Сите мапи на покриеност можете да ги видете на http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/maps

Напишете коментар