WiMax во Македонија?

Тотал вчера објави дека според Агенцијата за електронски комуникации се очекува националните WiMax оператори да ги изгубат своите лиценци што ги добија во 2007 година.  И двете компании, Америком и Некском, кои платиле 1.500.000 односно 115.000 евра за лиценците (зошто толку разлика?), не ги исполнуваат условите за задржување на лиценците.  Иако ветија големи инвестиции и двете компании немаат постигнато многу во изминативе две години и се далеку од покривање на 80% од територијата на Македонија, што е еден од условите за задржување на лиценцата.

WiMax-от како технологија е наменет токму за покривање на поголеми територии со безжична интернет мрежа.  Но, иако нуди некои предности во споредба со Wi-Fi (види http://en.wikipedia.org/wiki/WiMax), WiMax не е доволно застапен во кориснички уреди и е доста скап за имплементирање, две предности што ги има Wi-Fi и што допринесе Wi-Fi мрежите да станат доминантни.

Доста луѓе веруваат дека WiMax ќе биде следната технологија за безжични интернет мрежи (и очекуваа дека досега тоа ќе биде реализирано на поголем план), но засега јас сеуште не сум уверен и очекувам дека Wi-Fi мрежите ќе останат многу позастапени.

1 Коментар

Мемед  @ 2 октомври 2009

ti ocigledno ne znaes sto e WiMAX

Напишете коментар