SunWireless во Охрид и Штип

Оние од Вас кои се во Охрид можеби веќе ја имаат слушнато рекламата на Супер Радио – SunWireless е конечно и во Охрид!

Иако сеуште ја прошируваме мрежата во градот, веќе работи централната базна станица во Охрид на Охридско Кале од кадешто една дополнителна базна станица покрива поголем дел од строгиот центар на градот. Моментално работат и уште три базни станици (на туристичка спроти пазарот и на факултетот за туризам и угостителство), а во план се да се пуштат уште неколку до средината на Јули.

Пред неколку дена на столбот на Канал 77 во Штип беше пуштена и нашата Штипска централна базна станица, а во текот на следната недела ќе почнеме да ги инсталираме и базните станици низ градот. Очекуваме дека до средината на Јули во Штип ќе бидат поставени 6 базни станици со што ќе биде покриен добар дел од градот.

Следете го блогот и сајтот (go.sunwireless.com.mk) за повеќе информации.

23 Коментари

Dime  @ 29 јуни 2009

I have a Mac Book laptop and I will need an external modem, I will be more that 1000m, from your hot spot, will I be able to get it to work and how much will the modem be??

koncadu  @ 29 јуни 2009

I am assuming you are in Ohrid? You will likely need a CPE unit in order to use our wireless network. You can buy one at our store in Struga (address: Proleterski Brigadi 37, tel. 046/783096).

Damjan  @ 30 јуни 2009

V Ohrid na Bogomilska ja fajkam vasata mreza (SunMobile, SunWireless OH03, SunWireless OH04 in SunWireless OH14). Preku internet imam kupeno SunMobile paketa, a sega koga sakam da se povrzam na Wireless mreža…Windows posle 5 sekundi mi javuvat deka nemožit da se povrzat. Probav so site 4 naborjeni wireless spotoj

koncadu  @ 30 јуни 2009

Здраво Дамјан, претпоставувам дека иако ја гледате нашата мрежа сигналот е слаб? Погледнете ја следнава страна за повеќе информации: http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/help.

Во меѓувреме, ве молам јавете се во нашето преставништво во Струга – 046/783096.

goce  @ 1 јули 2009

sakam da ve prasam dali ima mreza vo mavrovo zasto sakam da si zemam internet

koncadu  @ 1 јули 2009

Здраво Гоце. Засега немаме покриеност во Маврово – мрежата ни е само во Струмица, Струга, Тетово и Охрид (од неодамна). Во текот на Јули ќе го покриеме и Штип – а за другите градови сеуште сме во фаза на планирање.

dulemk  @ 7 јули 2009

А што бидна со мапите да каде сте??

Јас во Тетово наидов на ваша мрежа, ама сепак ме интересира процентуално градот колку е опфатен и каде.

koncadu  @ 7 јули 2009

Извини Дуле, за мапите ти одговорив на другиот пост кадешто најпрво го постави прашањето. Инаку мапите (вклучувајки го и Тетово) можеш да ги видеш на сајтот на следниов линк: http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/maps

sase  @ 24 јули 2009

Јас сум од Охрид и ме интересира дали го покривате градот на кај излезот према Битола Поточно кај влезот на касарната.

koncadu  @ 25 јули 2009

Здраво, за повеќе информации за покриеноста на Охрид (и останатите градови), ве молам погледнете ги мапите на покриеност на нашиот веб сајт. За Охрид линкот е: http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/map-macedonia/map-ohrid

sase  @ 9 август 2009

Здраво корисник сум на sunwireless постпеид поточно на sun1 пакетот и ми рекоа кога ја инсталираа опремата дека со мојот акаунт можам да користам интернет секаде каде што ја фаќам вашата мрежа.Е сега ме интересира дали треба некакво подесување каде што ќе ја фатам мрежата за да можам да се конектирам?

boki  @ 10 август 2009

signalot vi e premnogu slab , a samo dobra reklama za pecalenje na pari,bez konkurencija ste za t-mobile i kabletel
ednas se zafrknav so kupuvanje na vasa pri pejt karticka sto signalot vi e prmnogu slab i parite za reklama da si gi koristite sto uspevate na go izlazete narodot so vasiot slab wairles

koncadu  @ 10 август 2009

Саше,
Впрочем како што колегите ви објаснале вашиот Sun Wireless акаунт може да го користите на било кое место каде што ќе ја фатите нашата мрежа. Потребно е само да се поврзите на нашата мрежа со вашиот лаптоп и да ја покренете SunWireless pppoe конекцијата.
Некои други посебни подесувања нема.

koncadu  @ 11 август 2009

Боки, немаме намера никој да лажеме или да му продаваме при-пејд картички ако не може да се приклучи на нашата интернет мрежа. Не е тајна каде ни е покриеноста (мапите на покриеност се на сајтот: http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/maps) а и не е тајна дека на некои места е потребна и дополнителна опрема (http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/help). Во секој случај, секој може и без картичка да се поврза на нашата мрежа и да стигне до нашата веб страна за да потврди дека е во зона на покриеност и дека има доволно јак сигнал пред да купи картичка.

sase  @ 16 август 2009

kako mozam da go promenam pasvordot na mojot accaunt?

Сашко  @ 18 август 2009

Бidejki vo Stip nemate prodazno mesto, dali moze kartickata da ja kupam od Strumica i istata da ja aktiviram vo Stip !?

Pozdrav i samo napred :)

koncadu  @ 19 август 2009

@sase – засега password-от може да го промените само преку телефон или со праќање емаил на contact@sunwireless.com.mk со тоа што ќе мора да потврдите дека вие сте сопственик на акаунтот.

@Сашко – картичка можете да купите од било кое продажно место на SunWireless (и online преку нашиот сајт) и да ја активирате и користете секаде кадешто има мрежа на SunWireless (вклучувајќи го и Штип)

sase  @ 6 септември 2009

uste edna pomos ako moze
kako da se povrzam na mojov mobilen kade sto ce ja fatam vasata mreza inaku korisni sum na sun1 paketot na post beid i pisuva deka dobivam gratis sunmobile paket ama ne mozam nikako da se povrzam.Koga ce najdam mreza na sunmobile izleguva da napisam 16 cifren broj.
Ve molam da mi kazete kako mozam da go koristam gratisot sto me sleduva.
Blagodaram

koncadu  @ 9 септември 2009

Здраво Саше – те молам пиши ни на contact@sunwireless.com.mk за да можам да ти одговорам преку емаил. Благодарам.

fox  @ 4 октомври 2009

sase pobaraj prepid karticka za sunmobile vo nekoja od prodavnicite na SunWireless.

nikollaa  @ 22 ноември 2010

SUN WIRELESS THE BEST:) sakam da prasam za pri pejd kartickive dali se za na kompjuter ili za lap top i ako kupam takva karticka dali ako nemozam da se konekiram odnosno ako nema signal dali kartickata ke moze da ja vratam??????ke ve molam da mi dgovorite sto pobrzoo :)

koncadu  @ 27 ноември 2010

@nikolaa – припејд картичките можат да се користат и на лаптоп и на десктоп компјутер, се додека имате wifi картичка или некој друг wifi уред за да добиете сигнал. Не ви е потребно да купите картичка за да знаете дали имате сигнал – доколку ја фаќате нашата мрежа можете и без картичка да се поврзете и да го добиете нашиот сајт.

Следете ги информациите на следниот сајт: http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/help (под прашање бр. 1 – каде е SunWireless) за да утврдите дали имате сигнал.

nikollaa  @ 28 ноември 2010

e pa jas sum od vevcani pa mislam deka ima dobar signal :)

Напишете коментар