Светска Банка: Брз и достапен интернет критичен за развој на економијата

Нов извештај објавен вчера од Светската Банка упатува дека пристапот до брз и ценовно достапен интернет и мобилна телефонија помага за забрзување на економскиот раст, особено во земјите во развој.  Според извештајот, зголемување на интернет приклучоците за 10% допринесува за пораст на брутодомашниот производ за 1,3%.

“Бројот на интернет корисници во земјите во развој се зголеми десет-пати во периодот од 2000 до 2007 година”, изјави Mohsen Khalil, директор за Глобална ИК Технологија за Светската Банка.  Khalil надополни и дека “овие технологии нудат огромни можности” и затоа владите треба да работат со приватниот сектор за да им овозможат брз пристап до интернет на што повеќе граѓани.

Земјите во развој треба да се посветат на подобрување на “локалната ИТ индустрија преку закони кои би го стимулирале приватниот сектор и преку инвестиции во кадар и инфраструктура”, порача Christine Zhen-Wei Qiang, Економист од Светската Банка.

Инаку, неодамна Владата на Република Македонија најави проект за национална Wi-Fi мрежа наменета за руралните средини во Македонија (веста ја објавивме на блогот овде), што значи дека ние веќе ги следиме ваквите препораки.  Се надеваме дека ваквите проекти во иднина ќе продолжат да се спонзорираат и спроведуваат.

World Bank Press Release: http://web.worldbank.org/WBSITE/EXTERNAL/NEWS/0,,contentMDK:22231347~pagePK:64257043~piPK:437376~theSitePK:4607,00.html?cid=3001

Information and Communications for Development 2009: Extending Reach and Increasing Impact (извештај): http://www.worldbank.org/ic4d

Веста беше пренесена и од А1: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110783

Напишете коментар