Прослава на успесите од изминатата година

Во чест на постигнатото изминатава година, целата екипа на SunWireless се собра минатата недела во централата во Скопје.

SunWireless екипа

SunWireless екипа

Покрај дружењето си ги споделивме и успесите за досегашното 18-месечно работење:

  • мрежи во 9 општини
  • над 300 пристапни безжични точки
  • регионална присутност со сопствени тимови и продажни места
  • и што е најважно – многу задоволни корисници

Истовремено ги наградивме и најдобрите членови од екипата:

  • Најдобар менаџер: Ѓорѓи, Струмица
  • Најдобар вработен: Борче, Струга
  • Најдобар познавач на SunWireless: Марјан, Струга

Честитки.

Напишете коментар