SunWireless на трибина во Кавадарци

SunWireless подржа и присуствуваше на трибина во Кавадарци на тема Безбедно на интернет.  Трибината се одржа на 20 април во салата на собранието на општина Кавадарци од страна на локалната полициска станица, а беше подржана и од ОБСЕ.

Гордана Богева, член на мрежата составена од обучени преставници на училишта и НВОи од Македонија, формирана во рамките на проектот “Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет” одржа едукативна презентација за присутните ученици – по 10-тина од сите основни и средни училишта во општината, како и директорите и стручните служби од училиштата, советници од Бирото за развој на образованието и претставници на невладини огранизации и медиуми.

SunWireless воедно додели и бесплатни при-пејд интернет картички на неколку од присутните ученици.

SW Kavadarci tribina

Напишете коментар