SunWireless стана ексклузивен провајдер на бежичен интернет на аеродромите на ТАВ во Македонија

SunWireless на задоволство на своите корисници објавува дека на ден 26 јануари 2012 година, потпиша ексклузивен долгогодишен договор со менаџментот на ТАВ Оперативни Услуги – Македонија со кој на сите посетители на аеродромите “Александар Велики“ во Скопје и “Апостол Павле“ во Охрид ќе им овозможи пристап до безжичен интернет.

Договорот во просториите на ТАВ Оперативни Услуги-Македонија беше потпишан од страна на извршниот директор на SunWireless г-ѓа Весна Стојановска и Маркетинг&Оперативниот Менаџер на ТАВ Оперативни Услуги-Македонија г-динот Ојтун Арат.

Со овој чекор SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Потпишување на договорот со ТАВ

Потпишување на договорот со ТАВ

За ТАВ Оперативни Услуги

TAV Operation Services Co. управува со неавиационите приходи на холдингот “ТАВ аеродроми“ во 11 аеродроми во 5 земји (Турција, Грузија, Тунис, Македонија, Латвија), каде што врши распределување на комерцијален простор, изнајмување на рекламен и промотивен простор, првокласни CIP услуги, рекреативни услуги, “ТАV Passport“ програма за лојалност и го издава аеродромскиот магазин “The Gate”.

ТАВ Оперативни Услуги во 2012 година ќе менаџира и со неавиационите приходи на “Medina” аеродромот во Саудиска Арабија. За повеќе информации посетете ги:

www.tavoperationservices.com, www.primeclass.com.tr и www.tavpassport.com

За TAV Aеродроми

ТАВ Аеродроми е водечкиот турски авио-оператор. ТАВ Аеродроми во Турција управува со следниве аеродроми : “Atatürk “ во Истанбул, “Esenboga “ во Анкара, “Adnan Menderes “ во Измир и “Gazipasa“ во Анталија. Во Грузија управува со аеродромите во Тбилиси и Батуми , во Тунис со аеродромите “Monastir “  и “Enfidha-Hammamet“ и во Македонија со Скопскиот и Охридскиот аеродром. Холдингот, во првата половина на 2012 година ќе ги преземе и операциите на аеродромот во Медина, Саудиска Арабија.

ТАВ аеродроми исто така работи и во други области на аеродромските операции, како што се: бесцарински услуги, услуги поврзани со храна и пијалоци, ИТ услуги и услуги за обезбедување.

Компанијата заедно со своите подружници, годишно реализира околу 451 илјада на летови и опслужува околу 53 милиони патници.

www.tav.aero

Напишете коментар