Бежичен интернет за студентите во “Гоце Делчев“ и “Кузман Јосифовски – Питу“

На задоволство на студентите од студентските домови “Гоце Делчев“ и “Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, SunWireless им обезбеди покриеност со бежичен интернет.

Одсега, “жителите“ во овие 2 студентски домa ќе имаат можност да брзо и едноставно се приклучат на бежичната мрежа на SunWireless и користат брз и квалитетен интернет.

Бежичниот интернет, студентите можат промотивно да го користат 15 минути бесплатно, а потоа  можат да купат при-пејд картички со многу поволни цени од најблиската продавница или online на веб страната на компанијата.

Студентите од “Гоце Делчев“ можат да купат при-пејд картичка од продавницата која се наоѓа во самиот двор на домот.

SunWireless продолжува во засилено темпо да го покрива Градот Скопје и заклучно со 1-ви Март се очекува да заврши покривањето на сите поважни локации низ градот, па отсега и Скопјани ќе имаат можност да ги користат придобивките на мобилноста која SunWireless им ја нуди на своите клиенти.

13 Коментари

Sanja  @ 26 февруари 2012

Dobro e se no treba SunWireless mrezata dide besplatna!

boris  @ 27 февруари 2012

@Sanja

Здраво Санја, Ви благодариме за коментарот.

Мрежата на SunWireless промотивно е бесплатна во првите 15 минути, а потоа можете да си купите при-пејд картичка по ептееем најповолни цени од StopShop трафиката во близина на домот :) :)

Поздрав и пријатен ден !

Михаела  @ 5 март 2012

Два дена поминаа откоа купив припејд картичка од кај вас,а интернет немам ни цели два часа од целото тоа време.Доколку не сте доволно технички подготвени,не треба да го трпиме тоа ние кои веќе сме платиле.Мене лично понудата ми одговараше,но од услугата не сум задоволна,така да не планирам веќе да ги користам вашите услуги по истекувањето на 30 дневниот период.Навистина не знам како не согледувате дека ние ве бираме,проценуваме,раскажуваме за вас на познајници.А според досегашните искуства,па и не е некоја позитивна критика.

martin  @ 6 март 2012

Би сакал да прашам што се случува откако ке се потрошат 12 GB од пакетот од 499 денари? Дали се намалува брзината на интернет или воопшто нема интернет после тоа?

boris  @ 7 март 2012

@Михаела

Михаела, квалитетот на услугата која се добива преку при-пејд опцијата зависи и од местоположбата од која пристапувате на мрежата и тој неможе да биде со стандарден квалитет доколу на пример пристапувате од места кои се целосно покриени градски подрачја или пак рурални и планински места.
Доколку Вие сте имале некакви проблеми во градско подрачје или во места каде имаме добра покриеност, тогаш Ве замолуваме да ни дадете подетални информации околу проблемот и ние Во најбрз можен рок ќе го решиме.

Истовремено, Ве поканувам да дојдете во нашите канцеларии во Скопје (ул.Прашка) и соодветно да Ви го обештетиме ваучерот доколку не успеавте во целост да го искористите.

Поздрав и пријатен ден !

boris  @ 7 март 2012

Здраво @Martin , ти благодариме за коментарот.

Пакетот завршува кога ќе се потроши предвидениот сообраќај (во случајов 12Gb ) или ќе изминат 30 дена од денот на активација на картичката.

Поздрав и пријатен ден !

Слаѓана  @ 20 октомври 2012

Здраво, имам проблем со конектирање на Вашата мрежа и се надевам дека ќе ми помогнете. Денес купив картичка, се најавив, сурфав на интернет 20-тина минути и се исклучив. Е сега пробувам повторно да се конектирам, ама ми дава дека Поврзувањето е неуспешно. Картичката е активирана денес, потрошени се најмногу 2% од вкупно 6гб, сигналот на мрежата е одличен, а сепак не можам да се конектирам. Ова втор пат ми се случува, пред неколку месеци ми пропадна картичка со искористени само 30%, ви пишав,а вие не преземавте ништо во врска со тоа. Се надевам дека овој пат ќе бидете поодговорни, бидејќи со ваква услуга можете само да губите клиенти. Поздрав

koncadu  @ 20 октомври 2012

Здраво Слаѓана, се извинувам на проблемот кој го имате, но Ве молам доколку сте во можност да ни го пратите Access кодот од картичката на емаил (support@sunwireless.com.mk) или да ни се јавите на корисничка подршка за да погледнеме каде е проблемот. Благодарам.

Alex  @ 22 октомври 2012

Се е во најдобар ред, имам одличен сигнал и одлична брзина но страните(eurm.edu.mk, hotmal.com, yahoo.com) кои итно ми требаат не ми ги отвара, помагајте побрзо сан!

boris  @ 22 октомври 2012

Здраво @Alex,

Благодариме за пораката и информацијата.

Ќе пренесеме до техничката служба за да реагираат и побрзо да го решат проблемот.

Вам ќе Ве замолиме да ни кажете на кое SSID се обидувате да пристапите и од која локација.

Можете да ни оставите и контакт телефон како би Ве контактирале доколку е потребено.

Поздрав и пријатна вечер,

Alex  @ 22 октомври 2012

Студентски дом КУЗМАН!

SunWireless SK70

Ве молам средете го проблемот и еве ви број да ме контактирате….

070/479-883

boris  @ 22 октомври 2012

Здраво @Alex,

Интервенирано е. Проблемот би требало да е среден.

Поздрав,

Alex  @ 23 октомври 2012

Problem solved!

Благодарам.

Напишете коментар