Книжарниците “Тримакс” нов партнер на “SunWireless”

На задоволство на своите корисници, “SunWireless“,  продолжува со своите активности на проширување на својата продажна мрежа, овојпат склучувајќи партнерски договор со мега-популарните книжарници Тримакс.

Одсега, корисниците на “SunWireless“ ќе можат да купат при-пејд картички за користење на бежичен интернет во 3 продажни места на “Тримакс“:

1.ТРИМАКС книжарница, Плоштад Македонија (спроти “Тренд“ )

2.ТРИМАКС книжарница , “Сава Ковачевиќ“ бр. 47 (белите кули, Кисела вода)

3. ТРИМАКС книжарница, Божидар Аџија бр.7 (спроти СД. Пелагонија)

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картички можат да си купат и online, преку следниов линк .

Доколку пак сакате да станете наш пост-пејд корисник (пост-пејд понудата можете да ја видите тука), можете да се јавите на :

02/ 3 223 734

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да не посетите на улица “Прашка“ бр.86а. ,  Скопје.

19 Коментари

ANA  @ 5 март 2012

stom ima SunWireless i vo selo vevcani{STRUSKO} zosto da nema i vo oktisi,labunista,podgorci i itn.

boris  @ 5 март 2012

Здраво @Ana,
Ви благодариме за коментарот.

Дел од селата во Струшко се планирани во понатамошниот развој на нашата мрежа.
Слободно јавете се во нашиот контакт центар и ќе бидете поврзани со нашите техничари од тој реон кои во најбрз можен рок ќе Ви одговорат за техничките можности за Ваше приклучување кон нашата мрежа.

Поздрав и пријатен ден!

2563  @ 5 март 2012

каде можам во Штип да најдам sunwireless картичка?

boris  @ 7 март 2012

Здраво @2563 , ти благодариме на коментарот.

Во Штип наше продажно место се:
- Мултиграф Компјутери
на улица. “Ванчо Прке“ бр. 35

Поздрав и убав ден !

Gabriela  @ 17 март 2012

Каде на друго место можам да најдам картичка на SunWireless бидејќи во мултиграф компјутери ми рекоа дека повеќе нема да добиваат такви картички?

boris  @ 19 март 2012

Здраво Габриела, Ви благодариме за коментарот.

Те молам да ни прецизирате за кое продажно место на Мултиграф станува збор, дали за тоа во Кочани или тоа во Штип?

Пријатно попладне,

Gabriela  @ 19 март 2012

За тоа во Штип, ќе можете ли да не информирате каде можеме да најдеме на друго место. pozz

boris  @ 20 март 2012

Габриела, при крај сме со преговори со неколку други продажни места низ Штип.
Се надевам дека деновиве ќе имам можност да Ве информирам за кои локации точно станува збор.

Ќе Ви пратам информација како коментар под овој пост, или пратете ни тел. број (нема да биде прикажан за јавноста) ,па ќе Ве побараме и информираме штом ќе обезбедиме нови продажни места низ Штип.

Поздрав !!!

boris  @ 21 март 2012

Здраво Габриела,

Само да Ве известам дека ново продажно место на SunWireless при-пејд картички во Штип е “Медија Дизајн“ кое се наоѓа кај комплексот дуќани ДУЈЛЕ.

Поздрав и пријатен ден !

@savo  @ 18 април 2012

kade vo blizina na novite zgradi vo rasadnik kisela voda moze da kupam pri-pejd karticka
BLAGODARAM!!!

boris  @ 19 април 2012

Здраво @savo

На овој линк ги имаш локациите на сите продажни места: http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/sales

Во Кисела Вода ги имаме книжарниците Тримакс , една кај белите кули , една спроти СД Пелагонија.

Поздрав и пријатно Ви попладне !

nikola  @ 27 април 2012

dali moze sun wireless da se koristi preku obicno wifi usb

boris  @ 30 април 2012

Здраво Никола,
Благодариме за прашањето.

Обичното wi-fi usb, би послужило доколку PC-то нема Wi-Fi картичка и веројатно би можело да користите SunWireless во нашите хот-зони (централни градски подрачја, хотели, аеродром, студентски домови и сл).
За да користите wi-fi во Вашиот дом – а притоа да го имате сервисот на ниво на квалитетот кој го гарантираме , потребно е да имате дополнителен уред (локо)кој можете да го набавите при инсталацијата на SunWIreless сервисот. Уредот можете да го платите во готово или на рати заедно со претплатата.

Поздрав и пријатна недела!

dejan  @ 7 мај 2012

dali moze sun wireless da se koristi na Wi-Fi od smartphone so android OS

boris  @ 9 мај 2012

Здраво Дејан,

Благодариме за прашањето.

Да, можеш да користиш wi-fi од било кој оперативен систем, доколку телефонот има таква техничка можност!

Поздрав

Deni  @ 20 август 2012

Zdravo,
vec neko vreme nemate kartica u centar!Na ulica Makedonija ne mozes da kupis nigde!jedan lanac kioska su zatvorili,kod del fufo ponestalo odavno,kod holiday inn-a nestalo i ih niste doneli,studentski dom Kuzman Josifovski-Pitu isto ih nema,kiosk M1 do Savana isto.Prije si mogao,da uzmes u muzej na Majka Tereza sad zbog praznika zatvoreno,knjizara do Trend isto!
Sta je sa vasom dostavom kartica?Prosetas i provozas pola grada napravis troskova vise nego sto stoji kartica!Do sada ste izgubili samo na meni 1000 denara.Totalno neozbiljni,organiziranost na psu…stvarno ne znam kako mozete to da si dozvolite!?Ili mozda moram u Sopiste jos tamo,da proverim dal ima dopuna da se kupi???Ne bih rekao jednom ali to se ponavlja.Pokazite vise profesionalnosti i ne brukajte firme a tek ste dobro počeli.Budite profesionalniji ili zatvorite firmu.Dal cita to gazda ili se isto i njemu sladko j…?Pozdrav od opravdano ljute musterije!

boris  @ 21 август 2012

Здраво Дени,

Искрено се извинуваме заради непријатната ситуација.

Во последниов период имавме нагло зголемена побарувачка на при-пејд картички и можеби заради тоа се случила ситуација определен ден да има проблем со дистрибуцијата на определени продажни места.

Веднаш ќе ја провериме ситуацијата на теренот и во најбрз можен рок ќе ги снабдиме сите продажни места со при-пејд картички.

Ве потсетуваме дека постои можност и за електронско купување на при-пејд картичка кое можете да го искористите во секој момент.

Уште еднаш Ви се извинуваме и Ви посакуваме пријатен ден !

Deni  @ 21 август 2012

Zdravo,i elektronsko smo sprobavali ali je celo vreme odbijalo!Vec pred neki mesec …
Stvarno imajte malo vise nadzora i organizacijejer mislim,da su to tako male stvari a predstavljaju veliki problem za nekoga koj je odlucio da koristi vasu mrezu!
Pozdrav i ubav den

boris  @ 22 август 2012

Здраво @Deni,

Електронското купување пред определен период претрпуваше определени измени и можеби токму тогаш сте ја имале таа “среќа“ да пробате да го користите, па сте имале проблеми.

Сега се е средено и Ве уверуваме дека фукнкционира без никакви проблеми.

Поздрав и пријатен ден,

П.С: проверете маил :)

Напишете коментар