SunWireless при-пејд картички на аеродромот “Александар Велики“

На задоволство на нашите клиенти, како и на посетителите и патниците на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, SunWireless обезбеди ново продажно место за своите при-пејд картички за бежичен Wi-Fi интернет.

SunWireless од пред неколку дена склучи партнерски договор и со ланецот продавници “Еми Медија - ЈУГОТЕЧ“ каде одсега ќе можат да се најдат при-пејд картичките на SunWireless.

Како што претходно имаме споменато, SunWireless е ексклузивен провајдер на бежичен интернет на аеродромите на ТАВ во Македонија, па отсега сите посетители и патници на аеродромот “Александар Велики“ ќе имаат можност од продавницата на “Еми МедијаЈУГОТЕЧ“, која се наоѓа на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, да најдат и да купат при-пејд картичка со која ќе можат да користат Wi-Fi интернет на аеродромот и секаде низ републикава.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картички можат да си купат и online, преку следниов линк .

Доколку пак сакате да станете наш пост-пејд корисник (пост-пејд понудата можете да ја видите тука), можете да се јавите на :

02/ 3 223 734

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да не посетите на улица “Прашка“ бр.86а. ,  Скопје.

Напишете коментар