Бежичен интернет и за студентите од студентскиот дом “Стив Наумов“

Почнувајќи од денеска, студентите од СД “Стив Наумов“ – Скопје имаат причина да бидат задоволни и со уште една убава вест која SunWireless специјално им ја соопштува.

Имено, од денеска, во функција е пуштен системот  кој на студентите од СД “Стив Наумoв“ ќе им овозможи пристап до квалитетна бежична интернет врска, по што, после студентите од СД “Гоце Делчев“ и СД “Кузман Јосифовски-Питу“ и тие ќе имаат можност со купување на SunWireless при-пејд картички (online, од најблиската “СтопШоп“ трафика или “Тримакс“ книжарница) да добијат wi-fi интернет во својата соба.

Сите заинтересирани за повеќе информации околу понудта на SunWireless, можат да се јават на нашите телефонски броеви:

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002,

02/ 3 223 734

или пак да ја посетат нашата веб страна www.sunwireless.com.mk

23 Коментари

Цаци  @ 15 март 2012

Веќе три дена го имам задоволството да сурфам на Интернет од мојата соба..Искрено и од се срце ви благодарам :D

boris  @ 15 март 2012

Здраво @Цаци ! Ти благодариме за коментарот ! Имај пријатен ден !

elena  @ 21 март 2012

dajte ve molam dokolku e mozno napravete go istoto i za studentskiot dom pelagonija zatoa sto navistina imame golema potreba od internet…

Ивона  @ 21 март 2012

Каде можам да ги најдам книжарниците Тримакс?

boris  @ 21 март 2012

Здраво @Elena и @Ивона,Ви благодариме за коментарите !

@elena – Да, да, дефинитивно планираме и Пелагонија во наредниов период да го покриеме со наш сервис и на студентите таму да им овозможиме интернет без потреба да склучуваат пост-пејд договори.

@Ивона – Тримакс книжарниците каде се продаваат наши при-пејд картички, има на следниве локации:
1.ТРИМАКС книжарница, Плоштад Македонија (спроти “Тренд“ )
2.ТРИМАКС книжарница , “Сава Ковачевиќ“ бр. 47 (белите кули, Кисела вода)
3. ТРИМАКС книжарница, Божидар Аџија бр.7 (спроти СД. Пелагонија)

Поздрав !

DARE  @ 26 март 2012

kade e najbliskiot ruter na sunwireless i na koj da se konektirame da imame najdobar signal vo sd stiv naumov ima tri mrezi 92 93 i 94 vo posledno vreme slabo otvara strani.

boris  @ 28 март 2012

Здраво @DARE ,
сите хот спотовите се поставени во дворот на студентскиот дом, значи зависи од Вашата локација и од Вас да го изберете оној кој има најдобар сигнал, со 3 и повеќе цртички.

Благодариме за коментарот !
Пријатен ден !

Aleksandra  @ 29 март 2012

Dali studentite vo studentskiot dom Tome Stefanovski Senjic moze da imaat pristap do ovoj internet?

boris  @ 30 март 2012

Здраво Александра, Ви благодариме за прашањето.

Во моментов не обезбедуваме сервис наменет исклучиво за студентскиот дом “Томе Стефановски“, но секако дека е во нашите планови за понатамошно покривање.

Пријатен ден !

Anonimus  @ 6 април 2012

Јас вчера си наместив интернет во мојата соба во “Стив Наумов” и конекцијата е премногу лоша. Како да ја оптимизирам?

boris  @ 9 април 2012

Здраво Anonimus , Ви благодариме на коментарот.

Квалитетот на конекцијата пред се зависи од оддалеченоста од хотспот уредот поставен на студентскиот дом.
Лошата конекција најверојатно се должи на поголема оддалеченост или лоша местоположба на собата (испречени ѕидови или други препреки).

Обидете се со промена на местоположбата и пред да ја внесете картичката тестирајте колку цртички добивате од сигналот (стабилна е со повеќе од 3).

Цаци  @ 31 мај 2012

Од вчера не можам да се конектирам на интернет. Кога ќе го внесам кодот на картичката ми вика “неуспешно поврзување”, a во “реализиран сообраќај“ стои дека имам потрошено само 30%. Дали е тоа само до мојата конекција или можеби проблемот е од ваша страна? Поздрав

boris  @ 31 мај 2012

Здраво @Caci, Можни се две варијанти, штом имате уште преостанат собраќај а успевате да ја добиете логин страната.

Едната е дека се поминати 30 дена од активирање на картичката а другата е дена има некаков технички проблем.

Добро ќе биде да ни го пратите во коментар (нема да биде објавен) кодот од картичката, да го провериме.

Ќе го решиме предизвикот во најбрз можен рок.

Имајте убав ден !

koncadu  @ 31 мај 2012

Здраво @Caci – би ни помогнало и ако можеш да ни кажеш на кој хотспот се поврзуваш кадешто го имаш проблемот. Благодарам.

Цаци  @ 31 мај 2012

SunWirelessSK92
Моментално покажува No Internеt access, а сабајле имаше access ама пак не можев да се логирам.

Миле  @ 11 јуни 2012

Здраво сакам да прашам дали временските услови како што се ветер, дожд влијаат на сигналот и конекцијата? и едно што мислам дека хотспотовите во студентски дом стив наумов се на лоши локации поставени т.е. во сите соби во студентскиот дом немаа добра конекција така да ќе ве замолам ако сакате де ги подобрите локациите на хотспотовите да поголем дел од студентите имаат подобар пристап на интернет благодарам поздрав.

boris  @ 13 јуни 2012

Здраво @Миле,

Временските услови во многу мала (минимална) мера можат да влијаат да сигналот.
Во секој случај ви благодариме на сугестиите и секако дека со тек на време ќе работиме и на засилување на сигналот во домот “Стив Наумов” , се со цел да го подобриме квалитетот на услугата.

Поздрав,

Student  @ 17 септември 2012

Здраво
Веќе 2 дена не можеме да се конектираме на мрежата на sunwireless во сд Стив Наумов, односно имаме пристап само до оваа страница, а страницата за логирање не ни ја отвора. Ве молам во што е можно поскоро време да си го средите проблемот.
Поздрав

boris  @ 17 септември 2012

Здраво @Student,

Ви благодариме за укажаниот проблем.

Веднаш ќе ги контактираме од техничката екипа да интервенираат.

Поздрав и пријатен ден,

koncadu  @ 17 септември 2012

@Student проблемот сега би требало да е решен.

Патем, во вакви случаи можете да се обидете да се поврзате и со PPPoE конекција, со кодот од картичката како username и празен password.

Поздрав.

Student  @ 17 септември 2012

Фала на брзата реакција :)

Student  @ 17 септември 2012

Се појави истиот проблем, повторно не можеме да пристапиме до интернет. Пробав и со PPPoE конекција, но повторно ништо.

elena  @ 1 ноември 2012

ние во СТД Пелагонија сеуште чекаме…

Напишете коментар