Продажни места крај студентските домови “Кузман Јосифовски“ и “Стив Наумов“

Како одговор на зголемената побарувачка за при-пејд картички, SunWireless продолжува со своите активности на ширење  на продажната мрежа.

На задоволство на студентите од студентските домови “Кузман Јосифовски – Питу“ и “Стив Наумов“ од Скопје, SunWireless обезбеди договор со уште две нови продажни места во близина на студентските домови, каде одсега, ќе можат да се најдат и купат SunWireless при-пејд картички.

Одсега студентите од “Кузман Јосифовски – Питу“ , при-пејд картичките на SunWireless ќе можат да ги купат од маркетот “СТЕНС“ кој се наоѓа на самиот влез од студентскиот дом, а студентите од “Стив Наумов“ ќе можат да си обезбедат квалитетен и брз бежичен интернет со при-пејд картички од маркетот “ГРНЕ“ кој се наоѓа во самиот двор на домот.

Напишете коментар