SunWireless склучи договор со Хотел “Уни Палас“ од Кавадарци

SunWireless на задоволство на своите клиенти објавува дека од неодамна е склучен договор со кавадаречкиот хотел “Уни Палас“.

Одсега, сите посетители и гости на Хотелот “Уни Палас“ ќе имаат можност да добијат брза, квалитетна и безбедна wi-fi интернет врска од SunWireless.

Со овој договор, хотелот “Уни Палас“ се приклучува на листата хотели кои склучија договор со “SunWireless“ – најголемиот оператор на безжичен интернет во Р.Македонија и со тоа на своите гости им овозможија да добијат првокласна услуга на безжичен интернет кој ќе можат да го користат и во хотелот и на сите други хот-зони на SunWireless.

Повеќе за Хотелот Уни Палас можете да прочитате на нивниот официјален веб сајт

SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Напишете коментар