TOYOTA со своја кампања преку HotZone Advertising сервисот на SunWireless !

Една од најпознатите компании од автомобилската индустрија во светот – Toyота, минатата недела, имаше своја промотивна кампања преку HotZone Advertising сервисот на SunWireless.

Еве како изгледаше login страната на хотспотовите на SunWireless во центарот на Скопје.

Резултати: Стапката на импресии врз кликови изнесуваше феноменални 2,41%.

За сервисот: Со HotZone Advertising сервисот на огласувачите им се овозможува геолокациски да ја таргетираат својата целна јавност.

Рекламите се наоѓаат на самата логин страна што на огласувачите им овозможува сигурна видливост на нивната порака.

Во зависност од профилот на нивната целна група, огласувачите можат да бираат на кои хотспотови ќе се рекламираат и “ќе ги трошат“ закупените импресии.

На пример: ако огласувачот има производ наменет за бизнис класата, може да одбере рекламирање на хотспотовите на Аеродромите на ТАВ (бизнис класа) и/или на хотспотот во хотел Александар Палас. Ако огласувачот сака да таргетира студенти – може да ги одбере хотспотовите “студентски домови“ итн..

Постојат повеќе можности за рекламирање: закуп на банери, целосно брендирање на логин страната, реклама во меѓу-страна, спонзорирање на определен хотспот и др.

За повеќе информации околу користењето на овој сервис можете да го контактирате Борис Ефтимовски на boris@sunwireless.com.mk или 076/346-400

Напишете коментар