Невада и “FutureShop.mk” нови продажни места на SunWireless картичките

SunWireless при-пејд картичките со кои можете да имате брз и квалитетен безжичен интернет насекаде во мрежата на SunWireless отсега ќе можете да ги набавите и на нови локации.

Имено, од пред неколку дена SunWireless склучи договор за соработка со компанијата НЕВАДА специјализирана за продажба на разни гаџети, компјутери и компјутерска опрема во чии продавници во Скопје (ТЦ Беверли Хилс) и Битола (ул. “Борис Кидрич“, зграда “Oбител” лок.бр.5 – веднаш до Широк Сокак) одсега ќе може да се најдат и при-пејд картичките на SunWireless.

Исто така со посредство на НЕВАДА, SunWireless го доби и својот прв online вендор во е-продавницата “FutureShop” каде што ќе можете и online да ги набавите нашите при-пејд картички на веб страната http://futureshop.mk/

Мапата на останатите продажни места на SunWireless при-пејд картичките можете да ја видите на следниов линк

Напишете коментар