Буџетите за мобилен маркетинг континуирано растат

Ако се земат во обзир резултатите од најновата студија направена минатиот месец од страна на Pointiflex и Burrell Associates , 27% од малите и средните претпријатија во наредните дванаесет месец планираат да го зголемат својот буџет за рекламирање на мобилен телефон а 47% ќе продолжат со исто темпо и ќе го задржат својот буџет како и годинава што изминува.

Овие бројки значат дека дури 3/4 од малите и средните претпријатија активно го прифаќаат трендот за 2013 година да се инвестира во рекламирање со кое ќе се таргетираат корисниците на паметни телефони, односно се поголем процент во својот медиа план да го насочат на мобилен маркетинг.

Од тие 27% колку што планираат да го зголемат својот буџет, дури 42% одговориле дека тоа зголемување ќе биде помеѓу 11 и 20 % а 1/5 рекле дека зголемувањето ќе биде помеѓу 21 и 30 %

Во Република Македонија, SunWireless е првата компанија која нуди целосно интегриран сервис на HotZone Advertising со кој на огласувачите им се овозможува геолокациско таргетирање на својата целна јавност, па покрај стандардните десктоп опции – овозможува и огласување на мобилна верзија, односно дава можност за прв пат во Македонија да може да се прават масовни кампањи на мобилен маркетинг.

Напишете коментар