Македонците најмногу користат wi-fi за интернет преку мобилен или лап-топ

Во најновата публикација на Државниот завод за статистика на Република Македонија, објавена пред 2 дена, насловена како “Користењето на информатичко-комуникациските технологии во домаќинствата и кај поединците“ во првото тромесечје од 2012 година ,  22% од корисниците на интернет користеле мобилен телефон за пристап на интернет надвор од дома или на работа.

За мобилен пристап до интернет најчесто била употребувана безжичната мрежа (пр., јавен WiFi, WiMax), па
така, околу 18% од корисниците на интернет во последните 3 месеци го поврзале својот пренослив компјутер
на интернет преку оваа мрежа.

За пристапот на интернет преку мобилен најчесто била употребувана безжичната мрежа (Wi-Fi) , па така, околу 15% од корисниците на интернет преку мобилен во последните 3 месеци го поврзале својот мобилен на интернет преку Wi-Fi. Само 4,8% од македонците користеле 3G за пристап на интернет преку мобилен телефон.

Во однос на користењето на интернет надвор од дома преку преносни компјутери (лап-топ, таблет  итн..) повторно Wi-Fi технологијата била прв избор на македонските граѓани па 18,2% користеле wi-fi  споредено со 6,8% од испитаниците кои користеле интернет на преносниот компјутер преку некоја мобилна телефонска мрежа со USB.

Напишете коментар