ЗШУЦ “Ѓорче Петров” Кавадарци домаќини на SunWireless

SunWireless и во текот на вчерашниот ден продолжи со својата едукативна акција на посета на средните училишта и факултети низ државава повторно како гости на Кавадаречките средношколци.

Имено ЗШУЦ “Ѓорче Петров” од Кавадарци беше местото каде караванот на SunWireless во текот на вчерашниот ден се среќаваше и дружеше со средношколците и разменуваше информации за функционирањето на wireless мрежите во светот и во Македонија, практично презентирајќи опрема и начини на wireless поврзување притоа промовирајќи и извадоци од најновата литература во таа област.

Голема благодарност до раководителите на училиштето, наставниот кадар и средношколците со кои поминавме одлични моменти.

Напишете коментар