Кампања на “Дормео“ преку HotZone Advertising сервисот на SunWireless

Дормео“ една од компаниите кои први на пазарот во Македонија ја увидоа моќта на дигиталниот адвертајзинг и први почнаа да прават online кампањи и овојпат се меѓу првите компании кои во Македонија го диверзифицираат својот медиа план со нов уште поефикасен online медиум за комуницирање со својата публика.

Имено, тие изминатиов период во соработка со httpool имаа своја кампања и преку HotZone Advertising сервисот на SunWireless со кој геолокациски ја таргетираа својата целна група.

Со кампањата се таргетираше Центар на Скопје користејќи leaderboard банер кој одеше на десктоп и на мобилната верзија на login страната на SunWireless.

Стапката на импресии врз кликови за десктоп верзијата изнесуваше 1.1%, а за мобилната 0.29%

За Сервисот

Со HotZone Advertising сервисот на SunWireless се овозможува геолокациско таргетирање на целните групи.

SunWireless има свои хотзони на аеродромите на ТАВ, автобуската станица, поголемите хотели во неколу градови (вклучувајќи ги Александар Палас, Дрим, Београд, Уни Палас), студентските  домови, ресторани, кафичи, плажи, централно градско подрачје во Скопје (ул.Македонија, кеј, плоштад…) и 12 други градови низ Република Македонија.

На самата логин страна која се појавува при самото најавување на мрежата која месечно ја користат повеќе од 400 000 корисници постојат неколку видови и позиции за огласување што е одлична можност за комуницирање на брендовите со својата целна група.

Освен за десктоп употреба, сервисот е достапен и во мобилна верзија што е одлична шанса за прв пат во Македонија да се прават кампањи на мобилен маркетинг.

За повеќе информации околу сервисот можете да се информирате наboris@sunwireless.com.mk

Напишете коментар