Автобуската станица во Скопје со безжичен интернет од SunWireless

SunWireless на задоволство на своите корисници објавува дека од пред неколку дена потпиша ексклузивен договор со менаџментот на Автобуската станица во Скопје со кој на сите посетители на автобуската станица ќе им овозможи пристап до квалитетна, безбедна и брза врска за безжичен интернет.

Особена чест и задоволство ни е што изборот за wireless провајдер во автобуската станица – Скопје која несомнено е од највисока категорија и реноме, падна токму на SunWireless, па максимално ќе се потрудиме сите посетители да добијат првокласен сервис на бежичен интернет – каков што несомнено очекуваат и заслужуваат.

Со овој договор, SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Напишете коментар