Познат првиот добитник на таблет во наградната игра на SunWireless и Нова Македонија

Стојан Георѓиевски е првиот добитник на таблет во наградната игра која SunWireless и Нова Македонија ја организираат заедно.

Стојан беше најсреќниот меѓу многуте кандидати кои минатата недела одговорија точно на прашањето поврзано со SunWireless.

Да потсетиме, SunWireless и Нова Македонија секој Понеделник, Среда и Петок доделуваат при-пејд картички од SunWireless со кои можете да добиете 1 месец интернет во целата мрежа на SunWireless.

Се што треба да направите е да го купите печатеното издание на Нова Македонија каде ќе најдете прашање за SunWireless. Одговорот на прашањето треба да го внесете во формата за наградната игра на веб сајтот на Нова Македонија, односно на овој ЛИНК.

Второто доделување на таблет ќе се оддржи на 10 Декември 2012 година.

Им посакуваме многу среќа на сите кои ќе се пријават !

Напишете коментар