Петта приватна гимназија од Струга домаќини на SunWireless

После посетата на ФОН универзитетот во Струга, тимот на SunWireless кој ги организира едукативните посети низ средните училишта и факултетите низ Македонија, продолжи во  “Петта приватна гимназија“ од Струга, на неколкучасовна дружба со учениците и вработените од ова средно училиште со кои споделивме интересни идеи и практики за искористувањето на wireless технологијата во секојдневниот живот.

На пултот беа презентирани неколку видови на wireless опрема како и дел од најновата литература  кој ги обработува светските трендови во оваа област. Учениците со нас споделија за нивните навики при користењето на интернет како и за зголемените потреби да имаат интернет постојано со нив.

Напишете коментар