SunWireless и во студентските домови “Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп

SunWireless, пред се на задоволство на “станарите“ во студентските домови “Томе Стефановски – Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп, објавува дека од денеска својот сервис го нуди и во овие два студентски домови.

Одсега студентите и учениците кои престојуваат во “Сениќ“ и “Орде Чопела“ ќе можат да добијат брза и квалитетна врска на безжичен интернет од најголемиот македонски wi-fi провајдер SunWireless.

Студентите сервисот ќе може да го користат со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во самите студентски домови и во околните продавници.

Се што треба да направат е да се поврзат на SunWireless wi-fi мрежата со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички) и при првото пребарување ќе бидат пренасочени на нашата login страна. Таму треба да го внесат 16-цифрениот код од при-пејд картичката, по што ќе добијат потврда за успешно логирање.

Повеќе за при-пејд понудата на SunWireless можете да прочитате ТУКА.

Напишете коментар