SunWireless со двојно зголемени капацитети во студентските домови од Штип

Во текот на минатата недела техничката екипа на SunWireless работеше напорно на надградување на својот сервис и во студентските домови “Браќа Миладиновци“ и “Оаза“ од Штип, па сега, станарите во овие два студентски домови ќе можат да ги користат придобивките од двојно зголемените капацитети со кои на студентите ќе им се овозможи брза и квалитетна врска на безжичен интернет.

Студентите од студентските домови од Штип  ќе можат да користат wi-fi интернет со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во околната продавница за компјутерска опрема или online на следниов ЛИНК.

ВИДОВИ НА ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИ:

1.SunMobile ,со цена од 99 денари, со 512 мб сообраќај.

2.SunM, со цена од 299 денари, со 6 гб сообраќај.

3.SunL, со цена од 499 денари, со 12 гб сообраќај.

Картичките траат 30 дена од моментот на активирање

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

  1. Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)
  2. При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.
  3. После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

ДСД “Браќа Миладиновци“ и ПСД “Оаза“ се приклучуваат на листата на студентски домови каде спаѓаат уште и “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ , “Кузман Јосифовски-Питу“, “Пелагонија“, “Томе Стефановски-Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп во кои SunWireless веќе обезбедува свој сервис. Во наредниов период компанијата својот сервис ќе го обезбеди и во уште неколку други студентски домови ширум Македонија.

Напишете коментар