Безжичен интернет и за студентите во СД “Пелагонија“ од Скопје

Станарите на студентскиот дом “Пелагонија“ од Скопје, имаат причина да бидат задоволни со уште една убава вест која SunWireless предновогодишно им ја соопштува.

Имено, ги информираме студентите кои престојуваат во СД “Пелагонија“ дека од средината на минатата недела во самиот студентски дом во функција е пуштен сервисот на SunWireless со кој ним им се овозможува да добијат брза и квалитетна врска на безжичен интернет во нивните соби.

Интернетот се користи со при-пејд картички кои што можат да се набават на самата портирница во домот, во најблиската “Тримакс“ книжарница или online на следниов ЛИНК.

Се што треба студентите да направат е да се поврзат на SunWireless wi-fi мрежата со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички) и при првото пребарување ќе бидат пренасочени на нашата login страна. Таму треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката, по што корисникот ќе добие потврда за успешно логирање.

Повеќе за мапата на покриеност, при-пејд и пост-пејд понудата на SunWireless можете да прочитате ТУКА.

Пелагонија е 8-ми студентски дом во низа во кој SunWireless обезбедува свој сервис  и се приклучува на листата која веќе ја сочинуваат и СД“Стив Наумов“ , СД “Гоце Делчев“, СД “Томе Стефановски – Сениќ“ и СД “Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје потоа СД “Орде Чопела“ од Прилеп и Штипските СД “Браќа Миладиновци “ и СД “Оаза“.

Напишете коментар