Мобилното огласување достигна 4 милијарди долари

Трендот на мобилно огласување продолжува и според последните истражувања на eMarketer во САД достигна неверојатни 4 милијарди американски долари, што значи зголемување од речиси 3 пати во однос на минатата година.

Компаниите се повеќе го антиципираат фактот дека интернет корисниците се повеќе и повеќе пристапуваат преку мобилен или таблет и соодветствено на тоа ги прилагодуваат и нивните буџети за дигитален адвертајзинг, посветувајќи им поголемо внимание на рекламите прилагодени за мобилни корисници – односно се повеќе форсираат мобилен маркетинг.

Во Република Македонија, SunWireless е првата компанија која нуди целосно интегриран сервис на HotZone Advertising со кој на огласувачите им се овозможува таргетирање на својата целна јавност по повеќе параметри, па покрај стандардните десктоп опции – овозможува и огласување на мобилна верзија, односно дава можност за прв пат во Македонија да може да се прават масовни кампањи на мобилен маркетинг.

Голем број на компании како што се : Порше Македонија, Тојота, WizzAir, Дормео, МИДА – rent a car и други веќе направија свои кампањи преку HotZone Advertising сервисот на SunWireless и постигнаа значително подобри резултати на  кликови/импресии во споредба со регуларните веб сајтови – што е очекувано со оглед на тоа што со HotZone Advertising сервисот е возможно поекстензивно таргетирање  во однос на регуларните веб сајтови а со прилагодената верзија за мобилни уреди се овозможува точно таргетирање на корисниците кои користат интернет преку мобилен.

Напишете коментар