SunWireless со своја iOS апликација

На задоволство на нашите корисници кои користат Apple уреди од пред неколку дена лансиравме iPhone-апликација со која користењето на SunWireless сервисот ќе им го направиме уште поедноставно.

Со првата верзија на “SW Hotspot” iPhone апликацијата, на корисниците им се овозможува автоматски да се конектираат со нивниот при-пејд код секогаш кога ќе се поврзат на SunWireless хотспотовите.

Апликацијата може бесплатно да се симне од Apple store на следниов ЛИНК.

Изминатиов период SunWireless исто така лансираше и Aндроид и windows апликации кои исто така во многу што го олеснуваат користењето на нашиот сервис.

Во иднина најавуваме и низа надоградби на сите три апликации со што корисничкото искуство ќе го направиме уште попригодно.

Напишете коментар