SunWireless потпиша договор за соработка со хотел Кристал Палас од Прилеп

Еден од најдобрите хотели во Прилеп и во државава, хотел “Кристал Палас“, одсега ќе биде целосно обезбеден со квалитетен и брз wi-fi интернет од најголемиот македонски оператор на безжичен интернет SunWireless.

Гостите во Хотел “Кристал Палас“ ќе имаат можност со користење на SunWireless при-пејд картички да добијат квалитетен, безбеден и брз безжичен интернет кој ќе можат да го користат насекаде во хотелот и низ сите други хотзони на SunWireless во Прилеп и останатите градови низ Македонија.

Големо задоволство ни е што добивме шанса својот сервис да го направиме достапен за гостите во хотел од високо реноме каков што несомнено е и “Кристал Палас“ ,  па максимално ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да ги задоволиме потребите и очекувањата на сите гости и посетители на хотелот.

Со овој договор, “Кристал Палас“ се приклучува на листата хотели каде SunWireless обезбедува свој сервис, а ја сочинуваат уште и хотелите “Александар Палас“ , “Дрим“, “Хотел Монтана“, “Београд“, “Уни Палас“ и др.

Напишете коментар