SunWireless меѓу првите виртуелни продавници во Македонија

Следнава репортажа од Тотал ја издвои SunWireless како една од првите 5 он-лајн продавници во Македонија.  SunWireless ја промовираше опцијата за купување на pre-paid Интернет картички он-лајн на 24 декември.

Расте интересот за отварање на он-лајн продавници во Македонија

Расте интересот на македонските компании за продажба на своите производи и услуги преку Интернет. И покрај тоа што оваа услуга е нова на македонскиот пазар, од Уни банка, единствената банка која што во моментов ја нуди оваа услуга, велат дека уште од самиот старт на  наишле на огромен интерес од страна на компаниите за отворање на виртуелни продавници.

“Интересот за отворање на виртуелни – продавници е енормно голем и секојдневно расте. Дневно пристигаат по минимум 5-10 апликации за активирање на услугата“, изјави за Тотал Марија Мучева од Уни банка.

Таа вели дека поднесените апликации се одобруваат по кратка процедура и проверка на техничката подготвеност на подносителот на барањето.
Продажбата преку Интернет е релативно нова услуга за македонскиот пазар. Тоа најмногу се должи на фактот, што во изминатите години во Македонија немаше домашен процесинг центар поради што македонските банки не беа во можност на своите клиенти да им ја понудат оваа услуга, а користењето на странски процесинг центар едноставно беше поскапо.

Од неодамна единствениот процесинг центар во Македонија, Касис на македонските банки им овозможува техничка поддршка за спроведување на ваквиот тип на услуга. Од Касис ни рекоа дека речиси сите од банките со кои соработуваат, пројавиле интерес за воведување на оваа услуга.
“Речиси сите банки кои се наши партнери пројавија интерес и веќе работат на воведување на оваа услуга. Засега можеме да потврдиме дека до крајов на месецот со оваа услуга ќе започне ИК банка“, изјави за Тотал, Сандра Томановиќ од Касис.

Во Македонија во моментов функционираат само пет виртуелни продавници во кои може да се плаќа он-лајн преку сервисот на Уни Банка. Тоа се веб страните на Вип оператор (www.vip.com.mk), каде што можете онлајн да надополнувате кредит 24 часа на ден, картографската компанија Три Макс (www.3max.com.mk), Wireless операторот Sun Wireless (www.sunwireless.com.mk)  кој онлајн продава Интернет конекција, www.exploringmacedonia.com каде што може да букирате авио билети и да резервирате хотелски соби, а од неодамна онлајн функционира и едношалтерскиот систем (www.crm.com.mk).

Напишете коментар