Социјалните мрежи сè повеќе се посетуваат од мобилен

Главниот заклучок од најновото истражувањето кое eMarketer го направи минатиов декември,е дека веќе станува прашање на време кога користењето на социјалните мрежи преку мобилен ќе го надмине нивното користење преку персонален компјутер.

За Твитер е јасно дека од старт е измислен за користење на мобилен, а со новиве апликации и Фејсбук и Google+ се повеќе и повеќе се погодни за такво користење. Тој тренд на зголемено користење на социјалните мрежи преку мобилен и мобилни апликации никако нема да запре.

Видете го графиконот:

Од него јасно се забележува дека употребата на десктоп компјутери за користење на Социјални мрежи во 2012 се намалила во споредба со 2011 година, додека истовремено употребата на мобилни телефони за пристапување до социјалните медиуми е значително зголемена. Исто воочлив е и порастот на употребата на таблети за истата намена.

Интересен момент тука е и што се повеќе и повеќе маркетери од  компаниите решаваат поголем дел од својот буџет за дигитален адвертајзинг да го инвестираат во мобилно огласување, односно користат формати и медиуми преку кои форсираат мобилен маркетинг.

Тоа е очекувано бидејќи знаеме дека луѓето најмногу време на интернет поминуваат при користењето на социјалните мрежи, а тоа користење во најголем процент е и ќе биде преку мобилен телефон.

SunWireless е првата компанија која во Македонија нуди можност за масовни кампањи на мобилен маркетинг преку својот сервис на HotZone Advertising,  за кој повеќе можете да прочитате на следниов линк.

Напишете коментар