Запознајте го Александар од Охрид, дел од SunWireless друштвото!

Изминатиот месец ,SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“. Во конкуренција на повеќе од 150 студенти и ученици, изминатата недела беа објавени имињата на 5-темина победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобите фотографии.

SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.

Денеска имаме задоволство како гостин на блогот да го имаме Александар Мечкаровски од Охрид….

Кажете ни нешто повеќе за себеси?

Јас сум Александар Мечкароски живеам во Охрид и сум четврта година средно економско училиште.Свирам гитара,играм

кошарка и сакам постојано да сум опкружен со моето друштво.

Каде и кога е направена фотографија со која учествуваше на SunWireless конкурсот?

Оваа слика е направена за време на роденденот на еден од моите школски другари,Злате.Бевме собрани друштво од класот и низ игра и забава испадна и оваа фотографија.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Ова што ќе го напишам сега се случи истата вечер кога ја направив сликава.После прославата в стан требаше да одиме в кафиќ да допрославиме.Тргнавме за таму и наместо в кафиќ завршивме кај друг другар в стан и тек другиот ден појдовме кај што бевме тргнати.Нешто како Џамбазов кога купувал работи за Нова Година дента а се вратил 2 недели после Нова Година.

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Тие претставуваат голем дел од мене.Со нив сум секој ден и искрено не можам да го замислам денот без нив.

Што мислите за SunWireless?

Јас сум корисник на SunWireless веќе 4 години и сум многу задоволен од услугата.Вработените се љубезни и професионални.Исто така морам да напоменам дека како корисник на wireless интернет квалитетот на сигналот е многу важен.Безжичниот интернет е наше секојдневие а со користењето на социјалните мрежи стана и потреба – посебно за нас младите.

1 Коментар

Igor  @ 22 јануари 2013

Фото конкурсот Ви беше прекрасна идеја и се надевам дека и во иднина ќе продолжите со слични идеи ! Браво за SunWireless !

Напишете коментар