Интервју со Боби Башевски победникот на SunWireless фото-конкурсот

Изминатиот месец, SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“. Во конкуренција на повеќе од 150 студенти и ученици, изминатата недела беа објавени имињата на 5-темина победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобрите фотографии.

SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.

Денеска како гостин на SunWireless блогот го имаме Боби Башевски кој според жири комисијата со својата пријавена фотографија освои најголем број на поени….

Кажете ни нешто повеќе за себеси?

Моето име е Боби Башевски, јас сум од Охрид и во моментов сум апсолвент на Техничкиот Факултет св. Климент Охридски во Битола, отсек Графичко инженерство.

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Сликата е направена на планината Петрино (Галичица) на местото “Висок Врв” 1600 метри надморска височина веднаш над Охрид, со дел од моите другари. Немаше посебна цел на нашата “експедиција” но бидејќи беше непосредно пред новата година, ден-два, решивме да направиме елка и со чаша вино на необичен начин и необично место да наздрваиме за престојните новогодичните празници.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Па има премногу случки во Нашето Друштво, смешни, весели, интересни… поготово со податокот дека ние сме 13 другари, колку и да бидеме нерасположени и индиспонирани секогаш има некој кој ќе не насмее, ќе предложи некоја организација или авантура. Едноставно никогаш не е монотоно со другарите.

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Моите пријатели за мене се СЕКОЈДНЕВИЕ! Со нив буквално го поминувам поголемиот дел од денот, тоа можат да го потврдат сите што ме знаат :)

Што мислите за SunWireless?

Живееме во општество каде скоро не можиме ништо без интернетот. Дури и кабелскот интернет не може да заврши голема работа бидејки се повеќе се користат смартфоните во замена за компјутерит,  па затоа шемата која ја има вашата компанија е многу корисна. Ја имам користено во Скопје, а можам да забележам и доста локации во мојот град.

Напишете коментар