SunWireless одсега и во СД “Доне Божинов“ од Пробиштип

Големо задоволство ни е да објавиме дека од пред неколку дена со SunWireless сервис го обезбедивме и студентскиот дом “Доне Божинов“ од Пробиштип.

Одсега и студентите и учениците кои ќе отседнуваат во СД “Доне Божинов“ во Пробиштип, по примерот на своите колеги кои се “станари“ во студентските домови низ Скопје,Штип и Прилеп – ќе можат да ја користат услугата од најголемиот провајдер на безжичен интернет во Р.Македонија – SunWireless и да добијат брза, безбедна и квалитетна врска за безжичен интернет.

При-пејд картичките со кои се овозможува користењето на SunWireless wi-fi мрежата ќе може да се набават во трафиката ЛИЛА ЛОТО ДООЕЛ.

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

1.Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)

2.При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.

3.После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

Видовите и карактеристиките на при-пејд картичките можете да ги видите на следниов линк , од каде што можат и да се купат online.

Напишете коментар