SunWireless генерален партнер на “Денови на кариера 2013“

SunWireless , како и многупати претходно, уште еднаш  покажа дека е постојан пријател на студентите и младите, овојпат пружeјќи несебична поддршка во реализирањето на настанот “Денови на кариера 2013“ (Career Days 2013) кој традиционално веќе 16-та година во Македонија го реализира студентската организација AIESEC – ЛК Скопје.

Денови на кариера е централен настан во областа на развојот на кариерата во нашата земја.

Целта на проектот е да овозможи интеракција помеѓу студентите и македонските компании, да се зголеми свеста кај студентите за тоа што точно компаниите ценат кај своите идни вработени, развој и едукација на студентите со цел оспособување за почетните чекори на успешна кариера, зголемување на вработеноста на студентите од сите факултети.

Проектот се случува под покровителство на Економски Факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претставува дел од долгорочната цел на започнување на кариерен центар во оваа високо образовна институција.

Оваа година настанот се оддржува од 29ти до 31ви месецов, па Ве покануваме да го посетите штандот на SunWireless во холот на Економскиот факултет.

Напишете коментар