SunWireless и во “Ало Ало“ на Кеј

SunWireless со задоволство објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со менаџментот на еден од најдобрите кафе-ресторани во Скопје – “Ало Ало“ кој се наоѓа на Кеј 13 Ноември и  кој одсега ќе биде обезбедуван со SunWireless сервис за безжичен интернет.

Сите посетители на “Ало Ало“ отсега ќе можат да користат првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски провајдер SunWireless – нешто што секако го очекуваат и заслужуваат како гости на елитен локал од овој ранг.

Се што треба да направите за да користите брз и стабилен Wi-Fi кога одсега ќе го посетувате “Ало Ало“, e со Вашиот преносен уред да ги проскенирате достапните “ SunWireless Alo Alo “ Wi-Fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал. После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless хотспот страната каде го внесувате Вашиот при-пејд код и се логирате.

При-пејд картичките може да се купат на шанкот на Ало Ало или од Вашиот келнер.

1 Коментар

SunWireless Blog » “Ало Ало” во Скопје Сити Мол доби SunWireless сервис  @ 8 април 2013

[...] пред неколку дена и официјално беше промовиран договорот помеѓу SunWireless и еден од најпознатите скопски [...]

Напишете коментар