Сурфај на SunWireless и во пивница “Стар Град“

Сите корисници на SunWireless,  љубителите на доброто пиво, посетителите на најдобрата пивница во Скопје – “Стар Град“, од денеска имаат причина да бидат задоволни со уште еден новитет :)

Со договорот кој беше потпишан пред неколку дена, овозможен е SunWireless сервисот и за сите гости на пивницата “Стар Град“ кои одсега ќе можат да сурфаат на брз и безбеден безжичен интернет од најголемиот македонски wi-fi провајдер.

Се што треба да направите кога отсега ќе ја посетувате Пивницата за да користите wi-fi интернет е да ги проскенирате достапните SunWireless wi-fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сгнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless логин страната на која треба да го внесете при-пејд кодот од картичките кои ќе можете да ги набавите од Вашиот келнер или на шанкот !

Пијте пиво и сурфајте !

Напишете коментар