“Ало Ало” во Скопје Сити Мол доби SunWireless сервис

Откако пред неколку дена и официјално беше промовиран договорот помеѓу SunWireless и еден од најпознатите скопски кафе-ресторани  - “Ало Ало“ со кој првично беше овозможен SunWireless сервисот за локалот лоциран  на Кеј 13 Ноември, од денеска со задоволство можеме да соопштиме дека SunWireless сервисот е овозможен и за “Ало Ало“ во Скопје Сити Мол.

Со обезбедувањето на сервис во овој локал се проширува листата на најелитните локали од Скопје кои само минативе две недели беа обезбедени со SunWireless сервис а која ги вклучува и Тренд (на плоштад и во Скопје Сити Мол), Пивница “Стар Град“, Винотека Темов, Палма Бистро во Веро Центар и др…

Почнувајќи од денеска, сите посетители на “Ало Ало“ во Скопје Сити Мол ќе можат да сурфаат на најдобриот безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер.

Се што треба да направите за да добиете брз и стабилен безжичен интернет во “Ало Ало“ е да ги прелистате достапните Wi-Fi мрежи и да се прикачете на “SunWireless Alo Alo“ мрежата со најдобар сигнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless хотспот страната на која треба да го внесете Вашиот SunWireless при-пејд код или да се логирате со Вашиот пост-пејд акаунт.

SunWireless при-пејд картичките ќе можат да се купат на самиот шанк или од Вашиот келнер во “Ало Ало“.

Напишете коментар