SunWireless и во “Старо Буре“ во Лептокарија

SunWireless со задоволство Ви соопштува дека од неодамна својот сервис го направи достапен и за гостите во ресторан “Старо Буре“ кој се наоѓа во “ТЦ Лептокарија“ – Скопје.

Една од најдобрите гостилници во Скопје, одсега на своите гости им овозможува и првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер.

Се што треба да направите за да имате брз и стабилен безжичен интернет на Вашиот преносен уред (мобилен, таблет, лап-топ..), кога одсeга ќе го посетувате “Старо Буре“ е да ги прелистате достапните SunWireless Wi-Fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал.

После првото пребарување, ќе Ви се појави login страната на SunWireless каде треба да се логирате со Вашиот пост-пејд акаунт или при-пејд код.

При-пејд картичките одсега ќе можете да ги набавите и во самата гостилница.

Напишете коментар