iOS апликацијата на SunWireless со нови функционалности

SW Hotspot апликацијата наменета за сите корисници на SunWireless, сопственици на iPhone телефони и другите iOS уреди, од денеска е надградена и вклучува нови функционалности со кои веруваме уште повеќе ќе Ви го олесниме користењето на SunWireless сервисот.

Одсега со SW Hotspot iOS app , ќе можете:

- автоматски да ги лоцирате и да се конектирате на сите SunWireless хотспотови,

- да ја прегледувате мапата на покриеност на SunWireless,

-да ги лоцирате продажните места на SunWIreless и

- да го проверувате статусот на Вашиот при-пејд ваучер.

Апликацијата е компатибилна со сите Apple уреди (iPhone, iPad и iPod) кои користат iOS верзија 4.3 или постара.

SW Hotspot може да се симне бесплатно од iTunes на следниов ЛИНК.

Напишете коментар