BRCK: Кога итно ви треба интернет

Дел од нас веќе го сметаат имањето на интернет конекција како дел од нашите граѓански права. Интернетот е дефинитивно едно од нештата кои го променија нашиот начин на живот…

За жал, Интернетот не „постои“, туку зависи од други работи (хардвер и мрежи), на кои не може да се потпреме целосно. Што кога ќе снема струја и ја изгубите Интернет конекцијата?

Непрофитната организација Ushahidi сака да направи уред кој ќе биде наменет токму за вакви ситуации. BRCK е уред чија цел е да ви обезбедува константна Интернет врска, насекаде и во секое време. Доколку снема струја, BRCK ќе се префрли на батерии. Доколку снема една Интернет мрежа, BRCK ќе се префрли на друга.

BRCK поддржува 20 различни уреди, батеријата му трае 8 часа и може да се префрла помеѓу Ethernet, Wi-Fi, 3G и 4G. Уредот нема сам да ви создаде Интернет мрежа, но е доволно паметен за да знае на која да се префрли доколку настане проблем.

BRCK чини 200 долари и ќе започне со испорака во ноември оваа година. Доколку сакате да го нарачате, можете да ја посетите неговата Kickstarter страна.

Статијата е преземена од GSM Macedonia и првично е објавена на овој ЛИНК.


Напишете коментар