SunWireless и во Хотел Милениум на Широк сокак

SunWireless со задоволство соопштува дека од пред неколку дена е потпишан договор за соработка со еден од најпознатите и најелитните битолски хотели – Милениум, каде одсега е достапен безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер SunWireless.

Сите посетители на Хотел “Милениум“ ќе можат да користат брз,стабилен и безбеден безжичен интернет од SunWireless со користење на при-пејд картички кои можат да ги набават на самата рецепција или online,  или со логирање со нивниот пост-пејд акаунт.

Хотел Милениум е дел од низата елитни хотели кои за своите гости нудат најквалитетна услуга на безжичен интернет од SunWireless.

SunWireless исто така е партнер за Македонија на најголемите светски Wi-Fi провајдери – Boingo и iPass, па сите нивни корисници кои ова лето ќе ја посетуваат Македонија, сега добиваат уште еден хотел каде ќе можат слободно да користат Wi-Fi со нивниот акаунт.

Напишете коментар