SunWireless одсега и во хотел Милениум Палас во Охрид

SunWireless, најголемиот провајдер на безжичен интернет во Македонија, на задоволство на своите корисници, објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со хотелот “Милениум Палас“ од Охрид, каде одсега на сите посетители на хотелот ќе им биде овозможен пристап до првокласна услуга за безжичен интернет.

Со овој договор се прошири соработката која претходно беше објавена, а со која SunWireless својот сервис го обезбеди и за хотелот “Милениум“ од Битола.

Сите гости кои одсега ќе го посетуваат и хотел “Милениум Палас“ во Охрид, исто така ќе може да користат брз, безбеден и стабилен безжичен интернет.

Хотелите “Милениум Палас“ и “Милениум“ во Охрид и Битола се дел од листата на хотели кои обезбедуваат SunWireless Wi-Fi сервис, а која ја сочинуваат уште и: Александар Палас, Гранит, Дрим, Монтана, Кристал Палас, Уни Палас, Београд и др.

Со оглед на тоа што SunWireless е ексклузивен партнер во Македонија на најголемите светски Wi-Fi мрежи Boingo и iPass, отсега сите туристи – корисници на овие два глобални провајдера – кои ќе престојуваат во нашата држава, ќе имаат на располагање уште 2 нови хотели во кои можат без дополнителни трошоци и сетирања да добијат квалитетен сервис на безжичен интернет.

Напишете коментар