SunWireless и во хотел “Бисер“ од Струга

SunWireless со задоволство ги информира своите корисници и македонската јавност дека од денеска својот сервис го обезбедува и во еден од најубавите хотели на струшкото крајбрежје – хотел “Бисер“.

Сите посетители на хотелот одсега ќе имаат можност да користат брз, безбеден и стабилен безжичен интернет од SunWireless.

SunWireless при-пејд картичките со кои се овозможува користење на Wi-Fi интернет низ хотелот, цела Струга, Охрид и низ останатите градови каде има SunWireless хотзони , ќе може да се купат на самата рецепција.

Хотел “Бисер“ се приклучува на долгата листа хотели кои за своите гости обезбедуваат SunWireless сервис а ја сочинуваат уште и: Хотел “Александар Палас“ , “Кристал Палас“, “Дрим“ , “Гранит“ , “Београд“ , “Милениум Палас“ , “Монтана“ , “Милениум“, “Уни Палас“ и др..

Со овој договор компанијата  продолжува со својата мисија да расте како најголем Wi-Fi провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбедува квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Напишете коментар