SunWireless и хотел Манастир од Берово потпишаа договор за соработка

SunWireless, на задоволство на своите корисници соопштува дека од пред неколку дена е потпишан договор за соработка со менаџментот на еден од најубавите хотели во Македонија, хотел “Манастир“ од Берово.

Хотелскиот комплекс Манастир е сместен сред божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура.

Почнувајќи од денеска па натаму, сите гости и посетители на хотел Манастир, ќе имаат можност да уживаат во користење на квалитетен сервис за безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер – SunWireless.

SunWireless при-пејд картички со кои може да се користи брз, стабилен и безбеден безжичен интернет низ целиот хотел и сите други над 550 SunWireless хотзони,  ќе може да се набават и на рецепцијата во самиот хотел.

Хотелот Манастир се приклучува на листата хотели кои за своите гости обезбедуваат SunWireless Wi-Fi а ја сочинуваат уште и: Александар Палас, Гранит, Дрим, Кристал Палас,  Милениум Палас, Бисер, Монтана , Милениум, Београд, Уни Палас и др..

Напишете коментар