SunWireless одсега и во СЦ “Борис Трајковски“

SunWireless и спортската арена „Борис Трајковски“ имплементираа  безжична (Wi-Fi) мрежа со висока густина – прва во регионот

Водечкиот Wi-Fi мобилен оператор во Македонија, SunWireless, со задоволство објавува дека е потпишан договор со „Борис Трајковски“, најголемата спортска арена во Македонија и една од најголемите во регионот, со кој се овозможи SunWireless да инсталира Wi-Fi мрежа со висока густина во арената.

Арената Борис Трајковски, со максимален капацитет од 8.000 седишта е прва во Југоисточна Европа и најнова меѓу елитните спортски локации во светот кои инсталирале ваква врвна Wi-Fi технологија. Со тоа, арената  им се придружува на стадионите како Сантијаго Бернабе во Мадрид,  Етихад во Манчестер , O2 арената во Лондон, како и Жилет Стадионот во Бостон, САД.


Весна Стојановска, управителот на SunWireless, изјави: ” Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе им биде достапна на посетителите на Арената и драстично ќе го подобри севкупното искуство кое го нуди овој простор и со тоа ќе ги охрабри посетителите да ја споделат возбудата на играта со нивните пријатели и семејството.

Натпреварите и концертите во живо се социјални настани кои нудат големо задоволство и нам ни е навистина драго што можеме да им понудиме на навивачите и посетителите ваков систем кој ќе им овозможи подобро искористување на нивните мобилни и таблет уреди во самата Арена. Ова не е само престижна зделка, ова е технички предизвик за нас и ние сме навистина среќни што спортската арена “Борис Трајковски” препозна во SunWireless лидер на пазарот”.

Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе помогне во елиминирање на проблемите со конекција во самата Арена и ќе им овозможи на посетителите подобар пристап до информациите за услугите на Спортскиот Центар, информации за спортските клубови, информациите за клубските апликации, претстојните настани и севкупно ќе придонесе за подобра online вклученост на посетителите.

5 Коментари

Сара  @ 19 септември 2013

Ми се допаѓа ова што сте го направиле.. Интересна е идејата за wifi во најубавата сала,,Борис Трајковски” … Најдобри сте продолжете и понатаму т. така <33 :D

Goran  @ 20 декември 2013

A kogake stavite vo TOme stefanovski senik studentskiot dom wifi??? veke 3meseci utre zadutre ajde veke ednas……………

boris  @ 20 декември 2013

Здраво @Горан,

Ви благодариме за прашањето.

SunWireless веќе обезбедува свој сервис во поголемиот дел од студентскиот дом Сениќ.

При-пејд картички за користење на сервисот можете да набавите во самиот студентски дом или во некое од нашите продажни места кои можете да ги погледнете на следниов линк: http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/sales

Поздрав и пријатен ден,
Борис

Vlado  @ 24 декември 2013

Mozi li da se koristi i vo Bitola i kade ?

boris  @ 24 декември 2013

Здраво @Vlado,

Благодариме на прашањето.

Да, може, SunWireless зрачи и во Битола и тоа на Широк Сокак (од споменикот на Филип Втори до Епинал).

Во иднина планираме поставување на повеќе хотспот точки со што би го овозможиле сервисот и на повеќе други локации.

Поздрав и се најдобро !

Напишете коментар