SunWireless прозрачи и во Гостивар

SunWireless има задоволство да соопшти дека од денеска својот сервис го овозможува и во Гостивар, кој станува 17-ти македонски град каде SunWireless има свои хотзони.

Првото SunWireless знаменце во Гостивар е поставено на кафичот “Black & White“ каде одсега посетителите ќе имаат можност додека се релаксираат, своето уживање да го надополнат со брз, стабилен и квалитетен Wi-Fi интернет од SunWireless.

SunWireless при-пејд картичките ќе може да се набават во самиот кафич “Black & White“ и во Тобако-АДЕ во Центарот на Гостивар.

Останатите SunWireless хотзони ширум Македонија можете да ги погледнете со зумирање на градовите од мапата на следниов ЛИНК.

Напишете коментар