Wi-Fi целосно ќе ја замени мобилната мрежа

Статијата е преземена од telefoni.com.mk
Автор: Христијан Станоевиќ
Во Соединетите Американски држави веќе работат повеќе виртуелни мобилни оператори кои нудат сосема нов модел на претплата, но и на конекција за мобилен интернет каде безжичната интернет мрежа добива предност во однос на вообичаената мобилна мрежа.
На корисниците им се нуди посебен пакет каде Wi-Fi поврзувањето е примарно, додека пак мобилната претплата е како резервна варијанта во оние ситуации каде нема пристап до безжичен интернет. Исто така додека се во Wi-Fi зона претплатниците може да користат мобилни услуги како повици и СМС пораки кои се дел од многу поевтин пакет.
Некои експерти од САД сметаат дека на ваков начин кориснците нема да плаќаат ништо поради бесплатната безжична конекција, но во бизнис планот на виртуелните оператори се вклучени традиционални телефонски броеви и картички кои се поевтини и се користат и за време на Wi-Fi конекција, додека пак мобилната мрежа кон која претплатникот може да пристапи во секое време е чувана како резервна варијанта, што во секој случај зависи од изборот на самиот корисник.

Напишете коментар